Вчера Instagram го прослави својот десетти роденден и во чест на декада од пуштањето на оваа сега можеби најпопуларна мрежа, корисниците можат да ја променат иконата од апликацијата на нивниот мобилен.

Изборот од икони е доволно голем и интересен. Достапни се две „класични“ икони, односно како што беа порано, достапни се и уште две поразлични икони од тоа што го имаме видено до сега, а достапни се и повеќе бои кои се ставени на моменталната икона.

За да ја промените иконата од апликацијата, потребно е да ги отворите прилагодувањата, односно да притиснете на вашиот профил, па на менито во форма на три црти, па на Settings. Потоа, потребно е да повлечете надолу со прстот и ќе забележите дека на горната страна се појавуваат „смајлија“, па повлекувајте надолу додека не е доволно за да ви се отвори ново мени со иконите.

Иако не е нагласено, според најавата, промената на иконите ќе биде достапна само во октомври, по што и тие што ја имаат променето, ќе им биде вратена на стандардната икона.

Претходна статијаFacebook отстрани, a Twitter означи објава од Трамп за смртноста на коронавирусот
Следна статијаПрогласени победниците во рамки на осмото издание на наградите “СоМо Борач“, а доделено и посебно признание од Гугл
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.