instagram-logo-new

Instagram оваа недела пушти нова верзија од своите апликации на Android и iOS, а заедно со оваа промена претставија и ново освежено лого.

Целта на воведените промени е поедноставување на апликациите коишто сега треба да имаат поголем акцент на сликите, наместо на самата апликацијата. За таа цел апликацијата иако во основа изгледа скоро исто, тргнати се сините бои кои се заменети со подискретна бела боја.

tumblr_inline_o6za6rPpyd1qm4rc3_540

Логото исто така ја задржува сликата од камера како главен дел од него, меѓутоа и тоа е поедноставено со помалку елементи. Позадината на логото исто така е променета и таа сега наместо досегашната сина боја, е шарена.

Интересно е што новата верзија не е достапна за Windows 10 Mobile, па корисниците на оваа платформа само што добија официјална верзија иста како на другите платформи, сега повторно се оставени назад.

Новата верзија од Instagram можете да ја надградите преку продавниците за апликации на соодветната платформа.

Извор: Instagram, The Verge

Претходна статијаAndroid уредите со Allwinner процесори исклучително лесни за хакнување
Следна статијаiPhone 7 Plus ќе има двојна камера назад и 3 GB рам меморија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.