Во периодот што следи Instagram ќе воведе дури седум новини поврзани со разговорите во апликацијата, нешто што треба да го подобри корисничкото искуство во голема мера.

Дел од новините може да се каже дека и не прават некоја голема разлика, но на дел од нив имаме реакција како порано не биле воведени.

Првите три новини се направени за да ги тргнат ситуациите кога се разгледува листата со нови објави, па ќе стигне некоја порака за која мора да се отиде во делот за пораки за да се прочита и одговори. Слично е и со ситуациите кога некоја објава сакаме да ја споделиме со пријателите, па процесот вклучува отворање на посебен дел за испраќање на пораката.

Со промените, доколку стигне нова порака, на истата ќе може да се одговори без потреба од одење во посебниот дел за пораки, односно врз листата со нови објави ќе може да се избере да се одговори на пораката.

Исто така, кога некоја објава сакаме да ја споделиме со пријателите, сега со долго притискање на копчето за споделување ќе се појави листа од пријателите со кои најчесто нешто споделуваме. Со ова веднаш ќе може да се испрати пораката без потреба од менување на позицијата во апликацијата.

Во делот за пораки, на горната страна ќе биде додаден нов дел преку којшто ќе може да се гледа кои корисници се моментално вклучени и со тоа спремни за разговор. Ова е истиот начин на којшто функционира Messenger, а може да се каже дека е доста корисен мал дел.

Делот за пораки добива интеграција со сервисите за музика Apple Music, Amazon Music и Spotify, со што корисниците ќе можат да споделат кратки исечоци од 30 секунди од музиката која ја слушаат.

Исто како Messenger, корисниците на Instagram ќе можат да испратат „тивки“ пораки, односно пораки за кои корисникот нема да добие известување, погодно за ситуациите кога нешто не е важно веднаш да се види.

Останатите две новини се поврзани со можноста за додавање на теми во разговорите, како и правење на анкети во групните разговори.

Од Instagram истакнуваат дека не сите новини ќе бидат достапни во сите земји, а тоа би се случило со тек на време.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаУтре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс
Следна статијаНовиот смартфон Samsung Galaxy A53 5G пристигна во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.