Фото: Shutterstock.com

Instagram ги тргна своите две посебни апликации Boomerang и Hyperlapse од продавниците за апликации на мобилните, односно од Play Store на Android и App Store на iOS. Причината за оваа одлука е едноставна, функциите од овие апликации се достапни во самата Instagram апликација, па веќе не се потребни посебни апликации за да се добијат истите ефекти.

Порано Instagram се трудеше да нивната апликација биде поедноставна, а тоа во главно беше цел поради тоа што не сите мобилни можеа да функционираат добро со поголеми и апликации кои бараат повеќе ресурси. Затоа неколку апликации од Meta, Google, Microsoft и слични, имаа посебни „lite“ верзии од нивните апликации.

Во денешно време, дури и просечните телефони се доста поспособни да функционираат без проблем, па остануваат можеби телефоните од најниските класи кои се купени пред неколку години, но сепак тие се помал процент.

Instagram сега продолжува да ги интегрира повеќето функции кои ги има за креирање на видео содржина во една апликација, а познато е дека моментално најпопуларниот формат е тој од TikTok, односно Instagram Reels.

Од компанијата исто така ја откажуваат IGTV апликацијата, но поради други причини, односно слабата популарност, а посебно по пуштањето на Reels. Сега видео содржината на Instagram која не е направена преку Reels се нарекува едноставно Instagram Video.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаРСБСП: Биди горда што си жена и што си безбеден возач
Следна статијаHBO Max од денеска е достапен во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.