Најновата апликација која ќе ги добие придобивките од генеративната вештачката интелигенција од Google е нивната Maps. Оваа интеграција ќе им овозможи на корисниците да побараат нешто од огромниот број на достапни места и бизниси, на начин како што тоа би го направиле доколку прашаат некој човек.
Од Google сакаат да ги искористат огромниот број на места достапни во нивната апликација, повеќе од 250 милиони, како што истакнуваат од компанијата, заедно со 300 милиони корисници кои придонесуваат во предлозите за места.
Како пример кој го истакнуваат од Google планирањето на посета на Сан Франциско, а корисникот би сакал да види места со старомодна атмосфера. ВИ ќе ги анализира достапните места и на корисникот ќе му прикаже повеќе предлози, со слики и слично.
Корисниците, исто како што го прават тоа со Bard, ќе можат да постават дополнителни прашања, да го сменат барањето или истото да го дополнат со нови информации.
Оваа новина е очекувана со оглед на трендот изминатите година дена, па Google Maps е една од тие апликации кои навистина можат да бидат подобрени со помош на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели.