Фото: Shutterstock.com

YouTube Music е еден од најпознатите сервиси за стриминг на музика на пазарот, иако со некои од карактеристиките заостанува зад конкурентите. Еден пример за тоа е стандардниот квалитет на стримингот, за разлика од некои од конкурентите кои нудат „lossless“ формат.

Уште една функцијата кај YouTube Music е нешто полоша од конкурентите, а тоа е прикажувањето на стиховите од песните. Кај Apple Music, на пример, текстот се синхронизира со песната, па точно се прикажува кој дел од стихот треба да се пее или барем чита.

Google веќе тестир подобрување кај овој дел, па некои корисници добиваат пристап до нов стил на прикажување на стиховите. Засега оваа новина ја забележуваат корисниците кога прават „casting“ на YouTube Music на накој уред, како на пример Chromecast или телевизор.

Текстот, односно стиховите се прикажуваат на екранот, синхронизирани до делот до каде што е стигната песната. Ова е одлично за ситуациите кога се прави караоке, без разлика колку е тоа мало и во домашни услови.

Се очекува овие промени да бидат пуштени и на самата апликација, односно во делот каде што веќе се прикажуваат стиховите.

Со оглед на тоа што Google уште официјално ја нема најавено оваа новина, односно истата само се тестира, не е познато кога може да се очекува за сите корисници.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статија„Макпетрол“ не е никаков монопол – во Македонија има над 40 лиценцирани увозници на природен гас
Следна статијаMeta се договори да плати 725 милиони долари за случајот со Cambridge Analytica
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.