Фото: Shutterstock.com

Google во тест верзиите од Chrome започна со тестирање на можност за оставање на белешки на веб страните. Ова може да се гледа како на еден додаток на омилените веб страни, како и едноставна алтернатива на Collections функцијата во Microsoft Edge.

Во основа, корисниците ќе можат да притиснат со десното копче на било која веб страна, па на новата можност во менито наречена „Notes“, односно белешки. Со тоа ќе им се отвори посебна лента на десната страна од прелистувачот каде што ќе можат да внесат едноставно белешка, односно текст.

Сите белешки ќе бидат достапни во листа на лентата која ќе се отвора на десната страна, а корисниците ќе можат да ја видат белешката оставена на моментално отворената страна или да ги видат сите белешки.

Оваа новина е одлична кога се истражува нешто, па ќе се остави белешка која би ја содржела главната поента која ја има на таа страна, на пример. Корисниците на тој начин лесно ќе ги пронајдат зачуваните страни, но со кратко „потсетување“ зошто истите биле зачувани и кој е главниот дел од нив.

Во оваа тест фаза не е можно оставање белешки на конкретен дел од страните, но ќе видиме дали функцијата ќе добие некои нови можности до официјалното пуштање во некоја од идните верзии од Chrome.

Верзијата од Chrome во која се тестира оваа функција е 113 и истата мора да се вклучи преку chrome://flags/#power-bookmark-backend и chrome://flags/#user-notes-side-panel.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаGoogle Contacts апликацијата стана одлично место за следење на родендените на пријателите
Следна статијаМакедонски Телеком прославува 100.000 корисници на оптика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.