Фото: Shutterstock.com

CAPTCHA системите, кои на доста страни се’ уште го користат „сложувалка“ системот за докажување дека сте човек, кратко кажано, навистина се досадни и не би ни сметало доколку ги нема.

Иако поновите системи функционираат со едноставно притискање на едно копче, сепак Google има решение кое ќе ги намали ситуациите во кои и овој начин на верификација им се прикажува на корисниците.

Во Canary, тест верзиите од Chrome, Google започна со тестирање на нова можност наречена „auto verify“. Кога е вклучена, оваа нова функција треба да овозможи драстично намалување на ситуациите кога од корисниците се бара да докажат дека се луѓе, односно дека не се ботови.

Начинот на којшто функционира овој нов систем е преку зачувување на информацијата од успешно пополнување на CAPTCHA на една страна, па таа информација потоа Chrome ја дава и на други страни. Поради ова, страните нема да имаат потреба од прикажување на CAPTCHA системот, а корисникот ќе може директно да ја креира или да се најави на сметката.

Со оглед на тоа што потребата од верификување нема да се тргне, одлични се ваквите новини кои го скратуваат или скоро целосно тргаат овој процес. Страните го задржуваат нивото на безбедност, а корисниците можат побрзо да го завршат процесот на најава.

Тестирањето во Canary верзијата од Chrome значи дека не може да знаеме точно кога може да се очекува оваа новина за сите корисници, па кога истата ќе биде официјално префрлена во бета верзијата од прелистувачот, ќе имаме подобра слика.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаНајвозбудливите новитети во мај на Pickbox NOW
Следна статијаПодобар сон, подобро здравје: Samsung го претстави новиот One UI 5 Watch
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.