Фото: Shutterstock.com

По информациите дека Google се има договорено за тужбата која беше поднесена против нив во 2020, по неуспешните обиди истата да биде отфрлена, сега од компанијата почнаа со промена на делот од Chrome кој беше предмет на тужбата.

Групната тужба, која бара од Google 5 милијарди долари како оштета, се однесува на следењето на корисниците од страна на компанијата и кога тие го користат „incognito“ режимот, односно приватниот режим на сурфање.

При вклучувањето на овој режим истакнато е дека веб страните, интернет операторот и администраторот на мрежата во компаниите, можат да го следат сурфањето на корисникот, но не било истакнато дека истото важи и за Google.

Тие кои доволно се разбираат знаат дека ова е случајот, без разлика дали тоа е истакнато конкретно или не, но сепак јасно е дека мнозинството од корисниците не се на тоа ниво.

Во тест верзиите од Chrome се гледа промена на текстот којшто го објаснува incognito режимот, па тој сега појасно ги информира корисниците што можат да очекуваат кога ќе го вклучат истиот.

Кратко кажано, овој режим на сурфање повеќе е замислен како начин да не ја оставите историјата на отворени страни кога користите туѓ компјутер, односно компјутер кој го користат повеќе луѓе, но сигурно не овозможува некоја голема тајност.

Официјалната промена на текстот, односно промената во стабилните верзии од Chrome се очекува наскоро.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаДојче Телеком влезе во првите 10 највредни брендови во светот
Следна статијаВлезете во новата ера на мобилна вештачка интелигенција со серијата Samsung Galaxy S24
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.