Фото: Shutterstock.com

Google Photos добива можност за групирање на сличните слики и со тоа да го намали „хаосот“ кој го имаат корисниците, а посебно тие кои многу често сликаат повеќе пати еден кадар.

Ова обично се прави со цел да се намалат шансите сликата да испадне лошо, па со сликањето на повеќе обиди, потоа може да се избере најдобрата. Бришењето на сликите кои не се употребуваат е нешто што голем дел од корисниците не го прават, па галеријата станува полна со исти слики.

Photos stacks е новата функција која ги групира овие слики во таканаречени купчиња, па слично како кај друштвените мрежи, се гледа една слика, а истата има икона која означува дека се достапни уште слики.

Со притискање на купчето може да се видат сите слики, а секако тие може посебно да се бришат, како и да се споделат, посебно или целото купче.

Оваа новина може да се вклучи преку прилагодувањата на апликацијата, а Google можно е и да ги извести корисниците за нејзиното постоење преку посебна лента при вклучувањето на апликацијата.

Како и секогаш, оваа новина нема веднаш да им биде достапна на сите, па може ад се очекува во периодот што следи постепено, а истата веќе им е достапна на корисницие на iOS.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаMozilla се пожали на нефер условите кои ги има нивниот Firefox прелистувач
Следна статијаGoogle, Firefox и другите ќе можат да ги користат сопствените технологии за прелистувачи во iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.