Google Phone е одлична алтернатива на апликацијата за правење повици, односно на делот од телефонот кој се користи за најстарата функцијата кај овие уреди. Корисниците кои сакаат малку да го изменат своето искуство, наместо вградената апликација од производителот на телефонот, можат да користат други апликации, а Google Phone е можеби и една од најдобрите.

Најновата верзија од Google Phone донесува мал редизајн, доволен за да се каже дека го подобрува корисничкото искуство. Промената во главно се сведува во воведување на Material You дизајн, како и преместување на некои копчиња и слично, односно не се достапни нови функции.

Една од визуелните и практични промени е кај „картичката“ која се појавува при добивање на повик. Истата сега има две поголеми копчиња за прифаќање или одбивање на повикот, а преместена е и сликата од повикувачот.

Промена добива и делот од корисничкиот интерфејс за време на повик. Копчињата кои беа наредени во средината од екранот, сега се преместени во долниот дел. Истите се нешто подискретни, а до сите копчиња се доаѓа со притискање на трите точки.

Апликацијата е достапна преку Google Play, а новата верзија ќе им биде пуштена на сите во периодот што следи.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаDuckDuckGo го започна тестирањето на нивниот прелистувач за Windows со ограничена бета верзија
Следна статијаЗголемување на батериите кај Galaxy Watch6 серијата треба да донесе подобра издржливост на часовниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.