Apple минатата година со претставувањето на iPhone 14 серијата, овозможи за првпат можност за комуникација преку сателитската мрежа во итни ситуации. Корисниците можат да испратат и добијат кратки текстуални пораки, па да побараат помош и да ја испратат својата локација во ситуации кога нема мобилна мрежа.

Оваа можност беше додадена и кај одредени модели од Huawei, но само во Кина, а сега ваквата можност Google сака да ја додаде кај повеќе корисници на Android.

Од тоа што е откриено, Google работи на додавање на можноста за испраќање на пораки преку сателитска мрежа преку Messages апликацијата. Оваа новина би требало да стане дел со Android 14, но со оглед на тоа што истата се’ уште не е официјално најавена, ќе видиме што ќе испадне.

Нема информации дали од Google планираат да овозможат пристап до API алатката за и другите компании да можат да ја додадат можноста во нивните апликации за разговори.

Треба да се истакне дека не секој телефон има можност за комуникација со сателитите, а за тоа е потребен посебен хардвер, како на пример Snapdragon 8 Gen 2 чипот.

Неколку пати досега можевме да прочитаме за ситуации кога луѓе биле спасени во одредени ситуации благодарение на iPhone 14 и неговата можност да испрати пораки кога нема мобилна мрежа.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаMicrosoft ги промени условите за купување на Activision Blizzard поради блокирањето на зделката од страна на британската CMA
Следна статијаX ќе го промени форматот во кој се прикажуваат споделените статии на мрежата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.