Во кодот од бета верзиите од Google Messages откриен е планот на компанијата да го подобри функционирањето на апликацијата за корисниците кои имаат повеќе уреди.
Ова посебно корисно ќе биде за корисниците кои имаат таблет компјутер, па комуникацијата која ја имаат преку Messages би можеле да ја имаат без проблеми и преку овој уред.
Засега, корисниците можат да ја користат Messages преку веб апликација која корисниците ја користат на десктоп, а можат и на таблет, но секако целосна апликација секогаш овозможува подобро корисничко искуство.
Ова е нешто што Apple им го овозможува на своите корисници на Messages апликацијата, а од оваа година истото почна да го овозможува и WhatsApp со задржување на шифрирањето на разговорите.
Затоа што информацијата се’ уште е неофицијална, не се достапни повеќе детали, па ќе мора да почекаме додека Google официјално ја пушти, барем за дел од корисниците.