RCS – Rich Communication Services, е модерната замена на Google за стариот SMS. Корисниците сега можат да комуницираат со модерни функции, како ознака дека пораката е прочитана, ознака дека другата страна пишува, испраќање слики и слично, а сето тоа преку интернет конекцијата на уредот и апликацијата за SMS. Кога не е достапна интернет конекција или кога другата страна не користи RCS систем, пораките автоматски се испраќаат како SMS пораки.

Google Messages, како и Samsung Messages веќе ја имаат поддршката за овој систем, а во нашата земја двата најголеми оператори го направија својот дел, па корисниците можат да го користат RCS системот.

Една „маана“ која остана кај овој систем, а вниманието беше насочено кон Google и нивната апликација Messages, беше недостатокот на шифрирани разговори кои ќе ја заштитат содржината од пресретнување. Оваа функција беше најавена од Google уште минатата година, па стана и достапна во бета верзијата од Messages.

Сега „end-to-end encryption“ функцијата им станува достапна на сите корисници, а тоа изгледа како и обично ќе се случи постепено во периодот што следи. Корисниците ќе знаат дека ја имаат добиено функцијата преку појавувањето на иконата од катанец во разговорите, како и на копчето за испраќање на пораката.

Од крај до крај шифрираните разговори нудат заштита на пораките и не дозволуваат никој да може да ја прочита содржината, освен страната за кого е наменета, ниту операторот, ниту Google.

За почеток шифрирани ќе бидат еден на еден разговорите, но нема да бидат групните пораки.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаГрафички работни станици за врвни професионалци – Dell Precision со Intel Core процесори
Следна статијаChina Mobile Hebei и Huawei ја претставија 5G сеприсутната Гигабит мрежа во затворен простор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.