Google Maps добива нова функција која функционира со помош на вештачката интелигенција, односно со помош на Gemini. Апликацијата добива можност да ја извлече локацијата од сликите на корисниците, поточно од сликите од екранот кои тие ги прават од веб страни, друштвените мрежи и слично.
Оваа нова можност најдобро функционира доколку на Googe Maps апликацијата и се дозволи целосен пристап до сликите. На тој начин апликацијата ќе ги скенира автоматски сите нови слики, по што доколку пронајде локација, истата ќе биде додадена во листа.
Сепак, за корисниците кои знаат дека ова не е баш најдобро за приватноста, достапна е и можноста конкретни слики корисникот сам да ги додаде во Maps, по што ќе биде извлечена локацијата.
Оваа новина треба да е достапна во „ You“ делот од Google Maps, поточно на горниот дел, а може да се познае по името „Screenshots“.
Како и што е најчесто случајот, оваа новина е достапна на англиски јазик и моментално не е достапна во сите земји, а тоа посебно важи за новите функции кои се направени со интеграција со Gemini.