red and white labeled box
Photo by Brett Jordan on Pexels.com

Google ќе го зголеми изборот за прилагодување на иконата која се користи при навигација, па апликацијата може да се каже дека ќе стане поинтересна за користење. 

Моментално стрелката која ја означува локацијата на корисникот при навигација може да се промени со црвен автомобил, жолт „џип“ и зелен „пикап“. 

Google ќе ја додаде можноста корисниците да изберат од нешто поголема листа на автомобили, а за истите ќе може да се менува и бојата. 

Достапни треба да бидат осум различни бои кои корисниците ќе можат да ги изберат за било која од иконите од автомобили. 

Според информациите, оваа промена изгледа прво ќе стане достапна на iOS, но секако може да се очекува и на Android. 

Како што е често случајот, новината е забележана од страна на корисниците уште пред официјално да биде пуштена, па може да се очекува официјално во периодот што следи. 

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаApple го направи iPhone уште потежок за пробивање од страна на полицијата и други трети страни
Следна статијаApple ќе го претстави неофицијално најавуваниот ВИ монитор за контрола на паметниот дом во пролет идната година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.