red and white labeled box
Photo by Brett Jordan on Pexels.com

После повеќе години од додавање кај својата Android верзија, Google конечно ја додава можноста за мерење на брзината кај Maps и кај својата iOS верзија. Корисниците на iPhone сега ќе можат да гледаат колку брзо возат и кое е ограничувањето при навигација со Google Maps.

Ова е доста корисна функција која не е достапни ни кај Apple Maps, па корисниците мораа да користат некоја од другите апликации, како на пример Here WeGo.

Според информациите, оваа новина треба да има е достапна на сите корисници во светот, иако можно е пуштањето да биде направено постепено како што често е практиката.

Со оглед дека Google Maps слободно може да се каже дека е апликацијата број 1 од ваков вид, а посебно кај нас, оваа новина дефинитивно ќе ги израдува доста корисници.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаiPhone 17 изгледа нема да биде тенок како што неофицијално се најавуваше
Следна статијаMicrosoft Designer излезе од тест фазата и официјално им стана достапна на сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.