Функција која Google ја најавија уште минатата година, сега им станува достапна на корисниците на Android и iOS. „Glanceable Directions“ е името на новата функција која е малку потешко да се преведе на македонски, а на корисниците им донесува доста подобро искуство при користење на навигацијата во Maps.

Тоа што го овозможува оваа нова функција во основа е можност за следење на корисникот и прилагодување на насоките уште пред да се избере почеток на навигацијата.

Дополнително, навигацијата сега ќе може да се гледа и преку „заклучениот екран“, во форма на известување на Android, а во форма на „Live Activity“ на iOS. Со ова корисниците ќе можат да ги видат дел од важните информации за нивното движење без да мора целосно да ја отворат апликацијата.

Ова посебно е важно во ситуациите кога навигацијата се’ уште не е започната, па тоа знае да биде мал проблем, односно да се дојде повторно до саканите информации.

Како пример за функционирањето на „glanceable directions“ Google го дава одењето од хотелот каде е сместен корисникот до некое кафуле. Тој ќе ги добие саканите информации за тоа како да стигне до кафулето, а тие ќе продолжат да се ажурираат и без да ја започне навигацијата со притискање на копчето старт.

Тоа значи дека Google Maps ќе ја ажурира локацијата на корисникот, а со тоа и насоките за движење, како и времето потребно да стигне на дестинацијата.

Оваа новина не е автоматски вклучена, а може да се вклучи преку притискање на иконата со сликата од корисникот, па потоа Settings. Во Android треба да се избере Navigation Settings, додека во iOS Navigation, па да се побара подолу за новата „Glanceable Directions“.

Претходна статијаТим Кук повторно најави дека Apple влегуваат на големо во трендот на генеративна вештачка интелигенција
Следна статијаДојче Телеком со возбудливи иновации на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.