Google Maps, за почеток само на Android, доби нова можност која треба да ја подобри навигацијата и нејзината прецизност при возење во тунели, а ова е посебно важно за долгите тунели.

Апликацијата доби поддршка за таканаречените Bluetooth beacons, кои се поставуваат на повеќе места во тунелите и со тоа овозможуваат продолжување на навигацијата кога се губи GPS сигналот.

Оваа новина може да се каже дека е преземена од уште една апликација за навигација која е во сопственост на Google, а е доста позната по ваквите функции, Waze.

Корисниците ќе треба да ја вклучат функцијата преку прилагодувањата на апликацијата, односно истата не е автоматски вклучена.

Секако, оваа новина не прави голема разлика во нашата земја каде немаме големи и долги тунели, но затоа може да се погоди како одлична нареден пат кога ќе патувате во некоја земја каде ваквите тунели се чести.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаApple за првпат после повеќе години го „симна“ Samsung од првата позиција на пазарот на смартфони
Следна статијаSamsung денеска ја претставува Galaxy S24 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.