Фото: Google

Google најави неколку новини кои стануваат дел од најпознатата апликација за навигација и мапи, Google Maps. Очекувано, не сите новини се веднаш достапни во целиот свет, а дел од нив стандардно се пуштаат само во ограничен број на градови и локации. 

Главната новина која е достапна за сите корисници е надградената можност за додавање на места за застанување по пат при навигација. Корисниците ќе добијат предлози за локации по патот, како на пример ресторани, бензински станици и слично, со што застанувањето ќе им овозможи и дополнително истражување на околината. 

Google Maps во одредени градови ќе започне со поточно означување на лентата во која треба да се вози при навигација, а со тоа многу полесно ќе може да знае кога треба да се сврти некаде, а ова посебно е важно при исклучувањата. 

Корисниците добиваат и подобра можност за пријавување на одредени застои по пат, а ваквите информации прават разлика за сите други кои поминуваат на истото место и ја користат навигацијата. 

Деталните прегледи за одредени локации, кои вклучуваат слики и можност за виртуелно разгледување добива голема надградба со доста нови локации. Ваквите локации најчесто се познати места во светот кои вреди и да се посетат, а од Google истакнуваат дека оваа функција се проширува на 150 градови во светот, како Брисел, Кјото и Франкфурт. 

Google како главна новина ја истакнува интеграцијата на Gemini во Google Maps, па корисниците ќе можат да пребаруваат не само за локации како досега, туку на целосно нов начин да поставуваат прашања. Како пример се истакнува можноста да се побара од Google Maps да предложи места за излегување навечер, нешто што сега не е можно. 

Дополнително, Gemini е тука за сумирање на коментарите за местата, како и описот на местата кои луѓето ги пребаруваат преку апликацијата.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаQuick Share од Google можно е да дојде на iOS и macOS
Следна статијаПриватните корисници ќе ги чини 30 долари за да продолжат да го користат Windows 10 по истекот на поддршката
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.