Google

Не сум сигурен дали Google Earth ја има популарноста која ја имаше при претставувањето, но сепак оваа алатка останува одлична за тие кои навистина сакаат да ја разгледаат нашата планета.

Тоа што го направи Google Earth подобар за разгледување на интересни делови од Земјата е функцијата наречена Voyager која во основа претставува еден вид на тури и приказни за различни делови од Земјата. Овие приказни обично се направени од страна на познати компании и организации, како на пример BBC и слични.

Алатката за правење на турите, односно приказните, Google сега ја прави достапна за сите корисници, па сега секој ќе може да си направи своја приказна и да ја сподели со пријателите или со кого и да е потребно.

Покрај тоа што ова може да биде интересно, од Google истакнуваат повеќе примери каде оваа алатка може да се користи и на факултетите и слично, за презентации, магистерски трудови и слично.

При правењето на приказна, корисниците тоа го прават со избор на еден вид на слајдови. Секој од овие слајдови може да содржи локација, да се додадат слики и видеа, текст, може да се цртаат линии и слично.

Како се прават приказните, односно како изгледа процесот и што се е можно, најдобро може да се види од следното видео од Google.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаTesla го претстави Cybertruck – нивното прво и футуристично „пикап“ возило
Следна статијаСамо еден бит до дигитализација – нова иновативна Телеком продавница
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.