Тоа што е AirDrop за корисниците на Apple, за корисниците на Google и другите Android ппроизводители е Nearby Share. Оваа функција беше претставена во 2020 година, а минатата година доби и апликација за Windows со што споделувањето на датотеките помеѓу уредите беше проширено и со компјутерите.

Со оглед на големината на Samsung, односно бројот на корисници на нивните уреди, не изненадува што тие имаат посебно решение, а истото беше и потребно пред Google да го среди доволно своето.

Quick Share од Samsung сега станува официјалното име кое ќе се користи и од страна на Google. Од компанијата ја ребрендираат својата Nearby Share во соработка со Samsung, па корисниците на Android сега ќе имаат едно решение.

Ова е добра промена посебно за корисниците на Samsung кои досега имаа избор помеѓу двете решенија, па сега ќе имаат едно унифицирано.

Што се однесува до функциите достапни во Nearby Share, остануваат исти со ребрендирањето, односно со Quick Share.

„Соработувајќи со Samsung, го спојуваме најдоброто од нашите решенија за споделување во едно единствено решение меѓу Android под името Quick Share. Ги интегриравме искуствата и ја создадовме најдобрата стандардна, вградена опција за peer-to-peer споделување содржина на сите видови уреди во екосистемите Android и Chromebook. И за да го направиме споделувањето уште понепречено помеѓу уредите, соработуваме со водечките производители на компјутери како LG за да го прошириме Quick Share на компјутерите со Windows како претходно инсталирана апликација.“ – истакнуваат од Google.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаПред почетокот на настанот Unpacked 2024, Samsung отвори портал кон новите можности за мобилна вештачка интелигенција во најголемиот LED екран на светот – Exosphere на компанијата Sphere во Лас Вегас
Следна статијаАЕТМ: Во првите 9 месеци од 2023 година потрошени 29,9 милјарди денари во е-трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.