Фото: Google

Интересно е што Android телефоните се’ уште имаат проблем со прикажување на точната ориентација на уредот, односно неговата насоченост. Ова посебно прави проблем во апликациите како Google Maps кога се добиваат насоки за движење пешки.

Овој проблем конечно ќе биде решен со претставувањето на новата API алатка од страна на Google, наречена Fused Orientation Provider или кратко FOP. Новината кај оваа алатка е што ги собира информациите од повеќе сензори, односно од акцелерометарот, жироскопот и магнетометарот.

Резултатот треба да биде многу поточна информација за ориентацијата на уредот, па сите апликации кои ќе ја користат оваа нова алатка, веќе не би требало да имаат проблем.

FOP алатката треба да „компензира“ и за поевтините телефони кои доаѓаат со сензори со полош квалитет, па веќе не би правело разлика каков уред користи корисникот.

Дополнителна предност на FOP е што е дел од Google Play Services, па имплементацијата и ажурирањето нема да зависи од различните производители на телефони и нивните измени на софтверот.

Корисниците на најновата верзија од Google Maps на Android веќе треба да ја забележат разликата, односно истата веќе ја користи новата API алатка.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаChrome ќе овозможи инсталирање на секоја веб страна како веб апликација
Следна статијаAirbnb го забрани користењето на безбедносни камери во внатрешниот дел од просторот кој се изнајмува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.