Почнувајќи од денес, па се до 25 март, сите корисници на Google, ќе го добијат редизајнот на веб апликациите Google Drive, Google Docs, Google Sheets и Google Slides. Овие апликации сега ќе бидат направени според правилата на Material дизајнот од компанијата, па дефинитивно може да кажеме дека ќе изгледаат доста подобро од сегашниот веќе застарен изглед.

Со овој редизајн исто така повеќето апликации од компанијата, поточно од Google Workspace пакетот, ќе изгледаат слично, а Gmail го доби овој редизајн при крајот на минатата година.

Промената кај Docs, Sheets и Slides ќе може веднаш да се забележи на горниот дел каде главната лента е издвоена со посебна позадина, а и целиот интерфејс е генерално поедноставен. Додатно, апликациите ќе имаат и делумно подобрување на функционалноста, иако не се додадени некои нови или променети функции.

Google Drive може да се спореди со редизајнот кој го доби Gmail, а активните корисници на Google тоа веднаш ќе го забележат. Оваа апликација добива поголемо модернизирање, според нас, а исто така добива промени како нови копчиња на горниот дел за брзи активности, можност за селектирање на повеќе датотеки, како и подобрен дел за пребарување.

Со оглед на тоа дека се работи за веб апликации, корисникот не треба да направи ништо, па во наредните две недели по некое од вклучувањата на апликациите, ќе го забележи новиот дизајн.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаДали сте подготвени за третата сезона на британската крими серија Среќна долина?
Следна статијаРекламните ленти на YouTube на десктоп веќе нема да се прикажуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.