Најпопуларниот веб прелистувач, Google Chrome, доби нова можност која треба да им се погоди како доста корисна на корисниците кои имаат отворени многу „табови“, како и тие кои имаат многу зачувани омилени страни кои не се баш најдобро организирани и слично.

Директно преку лентата за адреси, која веќе се користи за пребарување преку Google, сега може да се пребарува директно во отворените табови, омилените страни, како и историјата на сурфање.

Пребарувањето се прави со пишување на @tabs, @bookmarks или @history, па притискање на копчето кое ќе се појави или едноставно притискање на „space“ копчето на тастатурата.

Со ова лентата за адреси се вклучува во режим за пребарување на избраната работа, а резултатите се прикажуваат во продолжение.

Од Google даваат одлични примери за кога оваа нова функција ќе им се погоди на корисниците, па добро истакнуваат дека можеби сте отвориле некоја страна за патување која ја немате зачувано. Со пребарувањето на историјата истата лесно ќе можете да ја најдете.

Треба да се истакне дека можноста да се пребарува историјата на сурфање беше достапна и сега, само на вака лесно и директно. Потребно беше да се отвори делот за историја, па од таму да се почне со пребарувањето.

Инаку, пребарувањето се прави стандардно преку клучен збор, што значи дека не мора точно да се памти насловот на тоа што се бара.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаBitwarden воведе најава на сметката преку веб без користење на лозинка
Следна статијаApple ги има променето плановите за нивниот автомобил кој наводно треба да биде претставен во 2026
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.