Фото: Shutterstock.com

Google во нивната одлична Contacts апликација додаде мала интеграција со Google Maps, која ја прави оваа апликација уште покорисна. Секогаш кога некој корисник ја споделува својата локација во вистинско време, исто така одлична можност на Maps апликацијата, истото ќе биде прикажано и во Contacts.

За да може да функционира оваа интеграција, корисникот треба да ја има Gmail адресата од корисникот кој споделува зачувана во неговиот контакт, а секако, тој со истата адреса да е најавен на Maps.

Споделувањето на локацијата се прикажува во делот каде што се деталните информации за контактот, веднаш под копчињата за јавување, пишување порака и слично.

Корисниците можат да притиснат на овој дел, по што ќе биде отворена Maps каде ќе можат да ја следат локацијата на корисникот.

Оваа новина може да не им е достапна на сите во овој момент, како и секогаш, но може да се очекува во периодот што следи.

Инаку, покрај тоа што Google Contacts е главната апликација за контакти кај Pixel уредите и уште неколку други, истата може да се симне преку Play Store и да се користи на било кој Android смартфон. Апликацијата изминатиот период доби мал редизајн, па станува се повеќе привлечна како алтернатива за корисниците, а посебно тие кои се навлезени во Google екосистемот.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаSamsung најавува глобална и европска соработка со Warner Bros. Pictures: Аквамен и изгубеното кралство x SmartThings
Следна статијаGoogle ќе започне со вклучување на Tracking Protection за мал дел од корисниците на Chrome од идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.