Најновата верзија од Google Chrome донесува можност за брза проверка на потрошувачката на меморија на секој „таб“ од овој познат прелистувач по големата потрошувачка.

Корисниците се што треба е да поминат со глувчето врз „табот“ кој сакаат да го проверат, па заедно со насловот и страната од тој „таб“ кои и досега се прикажуваа, во долниот дел сега може да се види и потрошувачката на меморија.

Проверката на потрошувачка на меморија и досега можеше да се направи, а овој начин останува подетален. Во More tools се отвора Task Manager од Chrome, каде информациите се подетални, но за повеќето корисници брзата информација е доволна.

Оваа новина е најмногу корисна за тие кои отвораат поголем број на „табови“, па сега брзо и едноставно можат да видат кој од нив им прави „проблем“ со компјутерот, доколку забележат недостаток на меморија или слично.

Сите верзии на Chrome ја добиваат ова нова можност, односно истата е постепено пуштана на Windows, macOS, Linux и ChromeOS.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаMicrosoft бара од корисниците да изберат причина пред да можат да го исклучат OneDrive во Windows 11
Следна статијаGhostbusters: Frozen Empire го доби својот прв „трејлер“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.