Најновата верзија од Google Chrome донесува можност за брза проверка на потрошувачката на меморија на секој „таб“ од овој познат прелистувач по големата потрошувачка.
Корисниците се што треба е да поминат со глувчето врз „табот“ кој сакаат да го проверат, па заедно со насловот и страната од тој „таб“ кои и досега се прикажуваа, во долниот дел сега може да се види и потрошувачката на меморија.
Проверката на потрошувачка на меморија и досега можеше да се направи, а овој начин останува подетален. Во More tools се отвора Task Manager од Chrome, каде информациите се подетални, но за повеќето корисници брзата информација е доволна.
Оваа новина е најмногу корисна за тие кои отвораат поголем број на „табови“, па сега брзо и едноставно можат да видат кој од нив им прави „проблем“ со компјутерот, доколку забележат недостаток на меморија или слично.
Сите верзии на Chrome ја добиваат ова нова можност, односно истата е постепено пуштана на Windows, macOS, Linux и ChromeOS.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



