Фото: Shutterstock.com

Не треба да не чуди зошто Google се’ уште одложува официјално вградување на „режим за читање“ во нивниот Chrome. Главната причина поради која се користи овој режим е нешто што не им одговара баш на компанијата која живее од реклами, па иако Chrome има ваква можност, таа не е официјално вклучена.

Сега од компанијата конечно претставија официјален режим за читање, односно reading mode, како дел од нови функции наменети за образованието, каде што Chrome OS еден од најпопуларните системи.

Причината поради која од Google на крај сепак се одлучија за претставување на оваа функција станува јасна кога ќе се види нејзината имплементација. За разлика од другите режими за читање, каде текстот се прикажува во средината на целата страна, кај Chrome тоа е направено на нешто поразличен начин.

Наместо да се тргне целата веб страна и да се сведе само на текстот во средината од екранот, Chrome режимот за читање го прикажува во посебна лента на десната страна. Со тоа страната останува отворена и видлива, а само текстот може да се чита од страна.

На овој начин може веднаш да се претпостави дека рекламите ќе останат видливи, па на таков начин Google веќе нема проблем со овој режим за читање.

Од компанијата интересно е што оваа нова функција ја претставија како дел од неколку нови функции наменети за учениците и наставниците. Тие дури истакнуваат дека овој режим треба да им помогне на децата со дислексија, на пример, а при развојот биле консултирани училишта како „Landmark School“ и непрофитни организации како „Understood.org“.

Новиот режим за читање во Chrome ќе стане официјално достапен со верзијата 114 од прелистувачот, која може да се очекува при крајот на мај.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаЗапочнат развојот на OLED панелот кој треба да се користи кај MacBook Air во иднина
Следна статијаNetflix игрите на телевизорите ќе може да се контролираат преку iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.