Фото: Shutterstock.com

Google е во фаза на подготовка и пуштање на неколку промени кај Chrome прелистувачот кои може да се каже дека се добредојдени, па и потребни, иако се работи за мали новини. Двете новини се поврзани со промени кај корисничкиот интерфејс, едниот кај таблет компјутерите и уредите на преклоп, а другиот кај сите видови на уреди.

Првата промена донесува нов дизајн на „табовите“ кај таблет компјутерите, како и кај уредите на преклоп кои во основа и се мали таблет компјутери. Наместо стандардниот дизајн на табовите, каков што е кај десктоп прелистувачите, тие сега ќе бидат на некој начин „вградени“ во горната лента, наместо да личат на мали „јазичиња“ како што ги нарекуваат некои кај нас.

Разликата помеѓу активниот таб и тие во позадина ќе биде направена со боја која ќе биде иста со лентата за адреси, а ќе може да се менува зависно од избраната тема на прелистувачот. Секој таб ќе биде одделен една мала и дискретна линија.

Овој редизајн на овој дел од корисничкиот интерфејс е доволно добар да се надеваме дека во иднина ќе биде донесен и на десктоп верзијата од Chrome.

Втората новина е покорисна, иако и таа вклучува промена на корисничкиот интерфејс. Истата донесува изменет кориснички интерфејс при инсталацијата на веб апликации. Овој дел сега е доста едноставен, па достапни се само логото од страната и името.

Со промените, програмерите ќе можат да стават повеќе информации, а уште поважно и слики од апликацијата, па корисниците со тоа добиваат послично искуство како при инсталирањето на стандардни апликации на мобилните, на пример.

Промените ќе може постепено да се забележат со тек на време, односно како што се пуштаат во официјалните верзии од Chrome, иако тие што сакаат можат и нешто порано да ги вклучат.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаСРЕДНОЛЕНД – настан од 2 до 6 мај кој ќе им овозможи промоција на талентираните ученици
Следна статијаAmazon Prime Video сервисот можно е да биде наречен Amazon TV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.