Google Chrome добива нов начин за измена на изгледот кој е доста подостапен и полесен. Корисниците ќе можат без влегување во Settings делот да ги променат боите и темите на Chrome и со тоа на едноставен начин да го прилагодат на своите желби и вкусови.

За да се дојде со кратенката за брз пристап до прилагодувањата на изгледот, се што треба е да се отвори нов таб и да се притисне на копчето „Customize Chrome“ кое е поставено во долниот десен дел од прелистувачот.

Во овој дел може да се пристапи до изборот на теми, кои ги има повеќе, а доколку не се најде тоа што се бара, достапен е и линк до Chrome Web Store каде има повеќе теми.

Потоа, достапен е брз пристап до боите кои може да се искористат, а на крај има избор дали да се прикажуваат најчесто отворените страни или корисникот сам да ги избере кратенките до нив.

Мал додаток на Chrome, но таков кој ќе направи да корисниците на полесен начин го направат прелистувачот како што тие сакаат да изгледа. За некои корисници ова може да е и првпат да бидат мотивирани да ги пробаат достапните бои и теми.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаWindows 11 добива вградена поддршка за „rar“ и уште неколку датотеки
Следна статијаМинистерот Алиу и претседателот Пендаровски промовираа нови електронски услуги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.