Од денес корисниците на Google Chrome можат да ја инсталираат најновата, 94та верзија од прелистувачот. Доколку ова ви се чини побрзо од обично, тоа е така затоа што почнувајќи од оваа верзија Chrome ќе добива нова верзија на секои четири недели, наместо како досегашната практика на секои шест недели.

Оваа промена Google ја најави во март оваа година, а објаснувањето беше дека усовршувањето на процесот на тестирање и надградба овозможуваат побрзо пуштање на нови функции.

Сепак, Google и досега со шест неделниот систем пушташе нови верзии доста брзо, па новините доаѓаа на неколку верзии, за разлика од порано кога имаше доволно простор помеѓу верзиите, па од нив можеше да се очекуваат повеќе новини.

Со новиот систем може да се очекуваат уште помалку новини, барем поголеми, па може да се каже дека најголемите промени стандардно може да се очекуваат неколку пати во годината.

Chrome 94 во главно е безбедносна надградба која донесува исправка на 19 безбедносни проблеми. Покрај тоа, оваа верзија ја донесува функцијата со која страните кои се отвораат прво ќе се направи обид да се отворат во нивната HTTPS верзија, па доколку истата не постои корисникот ќе биде известен. Оваа новина треба да се вклучи преку Settings > Security.

Овој нов систем на надградби ќе го следи и Microsoft Edge, па утре може да се очекува и наредната верзија од овој прелистувач, односно Edge 94.

Претходна статијаFacebook платиле милијарди повеќе за казна од FTC за да го заштитат Закерберг
Следна статијаПрикажано првото неофицијално видео од Google Pixel 6 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.