Фото: Shutterstock.com

Од вчера официјално е достапна стабилната верзија од Google Chrome 90 за сите корисници, односно на сите платформи каде што е достапен овој прелистувач. Обично на Android се чекаат неколку денови, па надградбата веднаш ќе може да ја инсталирате на десктоп.

Како што се и повеќето надградби поради брзото темпо на нивно пуштање, така и Chrome 90 не донесува некои посебно големи и важни новини. Сепак, има неколку нови функции, како и повеќе безбедносни исправки.

Исправени се 37 безбедносни пропусти во прелистувачот, а дел од нив се и најновите кои беа откриени на Pwn2Own натпреварот.

Покрај безбедносните исправки, Chrome 90 доаѓа и со неколку нови функции. Ова оваа верзија достапна е промената која беше најавена пред некоја недела, а тоа е користењето на HTTPS како стандарден протокол при внесувањето на адресите од веб страните.

Chrome 90 исто така го воведува и AV1 кодекот од Google, како и блокирање на 554 портата поради безбедносни причини. Оваа верзија донесува и пребарувач за отворените табови, па корисниците кои имаат отворено многу од нив, сега ќе можат полесно да бараат низ нив.

Оваа недела нова верзија може да очекуваат сите прелистувачи кои работат на Chromium кодот, односно Microsoft Edge, Brave, Opera и други.

Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Совети за безбедно претекнување
Следна статијаGoogle Photos добива доста подобрен видео „едитор“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.