Најавена минатата година, можноста да се блокираат оние досадни страни кои имаат видеа што автоматски почнуваат да ја прикажуваат нивната содржина со вклучен звук, официјално стана достапна во Google Chrome.

Новата функција е наредниот чекор од можноста да се направи Mute на табот од каде што доаѓа звукот. Mute site, како што се вика новата можност, целосно ги блокира звуците од страната, а истото останува вклучено и по затворање на прелистувачот. Се разбира, на истото место, со десен клик на табот од страната, може да се направи Unmute Site, па звуците повторно да бидат овозможени.

Оваа нова функција е дел од најновата, 64та верзија од Google Chrome, која стана официјално достапна за сите корисници оваа недела. Доколку веќе автоматски тоа не е направено, новата верзија можете да ја инсталирате преку самиот прелистувач со одење на трите точки во горниот десен агол, па Help и About Google Chrome.

Google Chrome 64 покрај оваа и неколку други новости, донесува и заштита од откриените безбедносни пропусти во модерните процесори од повеќето производители, а посебно кај Intel.

Извор: The Verge

Претходна статијаInstagram воведе Activity Status во делот на Direct Message
Следна статијаНовите iPad-и ќе дојдат со Face ID и екран без рамка како кај iPnone X
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.