Фото: Shutterstock.com

Google Chrome од почетокот на идната година веќе нема да има поддршка за корисниците на постарите системи од Microsoft, поточно Windows 7 и Windows 8/8.1.

Оваа информација ја објави Google и најави дека Chrome 110, која ќе биде пуштена на 7 февруари идната година, ќе биде и последната верзија од прелистувачот која ќе функционира на наведените верзии од Windows.

Chrome нема да престане да функционира на овие системи, корисниците ќе може да продолжат да го користат прелистувачот, но тој веќе нема да добива нови верзии, како и безбедносни надградби.

Од Google препорачуваат корисниците да се префрлат на некоја од поддржаните верзии од Windows, односно Windows 10 и 11, но за корисниците кои се останати на постарите верзии, тоа може да не е така лесно прифатлива одлука.

Завршувањето на поддршката на Google Chrome е направена да се поклопи со завршувањето на поддршката за овие системи од страна на Microsoft.

Продолжената поддршка за Windows 7 и Windows 8.1 завршува на 10 јануари идната година, па корисниците треба да го земат и тоа во предвид.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаА1 Game Fest финале на 28 и 29 октомври
Следна статијаPreview верзијата од новиот Outlook стана достапна во Microsoft Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.