Shutterstock.com

До пред неколку години главниот извор на финансии на Mozilla организацијата, која стои зад развојот на Firefox прелистувачот, беше Google. Овие две компании имаа договор за користење на Google како главен пребарувач, а за тоа плаќаа добра сума на пари.

По претставувањето на нивниот Chrome прелистувач, договорот со Mozilla остана, но сепак работите во соработката не останеле исти. Ова го тврди поранешниот главен менаџер и претседател на Firefox групата во Mozilla, а тој не е ни првиот кој излегува со вакви тврдења.

Тој преку повеќе Twitter објави опишува како 90% од приходите во тоа време биле од Google и како по претставувањето на Chrome договорот не бил прекинат. Вработените во Google продолжиле да го поддржуваат Mozilla проектот, но тоа е бил случајот на ниво на компанијата.

Според Најтингејл, Google почнале да прават мали саботажи кои биле претставувани како грешки. Овие саботажи вклучувале проблем со работата на Google страни и сервиси кога тие се отвораат преку Firefox прелистувачот.

После секој ваков случај, тврди Најтингејл, Firefox губел од бројот на корисници кои решавале да се префрлат на Google Chrome.

Минатата година можевме да прочитаме дека YouTube страната најдобро и најбрзо работи само преку Chrome прелистувачот, односно и другите Chromium прелистувачи. Тоа не е случајот доколку се користи Firefox или Edge.

Google денеска е најпопуларниот и најмногу користен интернет прелистувач. Тој држи скоро 70% од пазарот, додека главниот конкурент Mozilla Firefox нешто помалку од 10%. Причината за ова е секако брзината со која функционира Chrome, нешто што не е веќе толку различно со најновите Firefox верзии, барем на десктоп.

Со прифаќањето на Chromium кодот како основа за развој на новата верзија од Microsoft Edge, Chrome ќе стане уште повеќе застапен и прилагоден за работа со Windows 10.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаRapid E е првиот целосно електричен модел од Aston Martin
Следна статијаТемната тема на Facebook Messenger сега е достапна за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.