untitled

Последната итерација на апликацијата Gmail за iPhone конечно почна да користи некои од способностите на најновиот оперативен систем. Ова се добри вести за фановите на сервисот бидејќи функционалноста е драстично подобрена.

Апликацијата сега ви дозволува да одговорите на вашата електронска пошта преку самите нотификации. Директно од нив можете и да архивирате порака.

Исто така, сега можете да пратите документи до апликацијата директно од менито за споделување, и исто така можете да одредите точно која апликација да ги отвара разните типови на документи прикачени на една електронска порака.

За жал апликацијата се’ уште не е доволно добра за работа без интернет, за разлика од тоа како функционира на Android, но сепак последното ажурирање секако ја доведе апликацијата во малку пофункционална состојба од претходно.

Google исто така ги ажурираше и другите познати апликации, но освен визуелни промени кои треба да ги донесат апликациите поблиску до материјалниот дизајн на компанијата, големи разлики во функционалност нема.

Извори: Engadget, The Verge

Претходна статијаTwitter станува конкурент на YouTube и Facebook во видео
Следна статијаWonderCube – Сите мобилни потреби во еден мал уред