Android Police

Доколку при испраќање на имејл порака преку Gmail, во последен момент забележите некоја грешка или се сетите дека имате заборавено да прикачите или допишете нешто, веќе неколку години ја имате можноста да ја „вратите“ пораката назад. Gmail тоа го прави преку своите сервери, а доколку пораката е испратена на друг сервис, преку одложување на испраќањето, со што пораката може да биде откажана.

Оваа можност чудно беше што со години не беше овозможена за корисниците на Gmail за мобилните, а посебно што Inbox од Gmail ја има од самиот почеток. Како и да е, Google конечно реши оваа корисна функција да ја донесе и на мобилната верзија од Gmail, моментално на Android, па корисниците ќе можат да ги откажат во последен момент пораките и од својот мобилен телефон.

Инаку, оваа можност функционира на тој начин што кога пораката ќе биде испратена, корисниците имаат простор од 10 секунди во кој период им е достапно „undo“ копче кое ќе го откаже праќањето на пораката.

Според информациите, оваа функција е достапна за Gmail 8.7 и понова верзија, а можно е Google промената да ја прави од страна на серверите, па не сите корисници со оваа верзија веднаш ќе ја имаат.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSkype воведе „од крај-до крај“ шифрирани разговори на сите свои апликации
Следна статијаNetflix тестира реклами кои ќе се појавуваат помеѓу две епизоди од серијата која ја гледа корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.