Фото: Shutterstock.com

Google нема да го задржи најдоброто од нивниот Gemini јазичен модел само за корисниците на Android, па од компанијата ќе пуштат посебна апликација за овој нивни „четбот“, односно асистент и за корисниците на iPhone. 

Како што е забележано од страна на корисници, а објавено заедно со слики на Reddit, апликацијата ќе биде наречена Google Gemini и на корисниците ќе им овозможи целосно корисничко искуство како тоа на Android. 

Во основа тоа значи пристап и до Gemini Live функцијата која овозможува поприроден начин на разговор со асистентот и можност за прекинување и продолжување на сред разговор и слично. 

Gemini моментално може да се користи на iOS, без потреба од отворање на веб страната, преку Google апликацијата за овој систем, но преку истата ги нема сите функции, односно не е достапна Gemini Live функцијата. 

Апликацијата моментално се истакнува дека е достапна само во Филипините, па не е познато кога се планира пуштање за остатокот од светот и дали Google планираат да го направат пуштањето постепено. 

Идната година Gemini треба да добие и интеграција во Siri, каква што има сега ChatGPT, односно официјално ќе добие од идниот месец.

ИЗВОРBGR
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаMicrosoft повторно ќе го користи нивниот стар и познат бренд MSN
Следна статијаApple ќе овозможи споделување на локацијата од AirTag со трети страни, како на пример авиокомпаниите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.