Google Chromecast е мал уред кој што се поврзува на HDMI и USB портите на вашиот телевизор и во овозможува прикажување на екранот од поддржаните апликации од вашиот Android уред. Официјално не се продава во Македонија, меѓутоа не е тешко да се нарача преку некоја од онлајн продавниците кои што доставуваат во нашата земја, па сигурни сме дека одредена бројка од вас го имаат и го користат овој уред.
За разлика од другите начини на поврзување на вашиот уред со телевизорот, како Miracast кој што овозможуваат прикажување на екранот од уредот, без разлика од апликацијата која што ја користите, Chromecast работи на база на апликации. Тоа значи дека апликацијата која што ја користите треба да има поддршка за прикажување на екранот преку овој уред. Сепак од Google најавија дека и нивниот уред ќе поддржува прикажување на екранот независно од апликацијата, односно ќе почне да поддржува screen mirroring.
Без разлика на фактот што Chromecast ќе поддржува screen mirroring, од Mozilla додадоа поддршка за работа со овој уред на својот Firefox за Android прелистувач. Поддршката уште не е додадена во финалната верзија од Firefox апликацијата, па е достапна во nightly тест верзијата. Поради тоа не е препорачано да се користи од страна на обичните корисници, а исто така работата на прелистувачот и прикажувањето на екранот имаат багови и други можни проблеми. Доколку сепак сакате да ја пробате оваа верзија од Firefox и имате Chromecast, тоа можете да го направите преку следниот линк каде што е достапно apk од апликацијата.
Mozilla во Јуни прикажа уред кој што треба да биде конкуренција на Chromecast, кој што ќе работи на Firefox OS. Според пишувањата овој уред треба да биде поотворен во споредба со неговиот конкурент, меѓутоа сепак не е уште сигурно дека уредот ќе биде некогаш претставен.
Извор: Engadget, Android Police