Mozilla како организација се познати по тоа што работат со отворен код и се грижат за приватноста на корисниците. Тоа го прават преку собирање што е можно помалку податоци од корисниците на Firefox и нивните сервиси, како и тоа што се едни од првите кои почнаа да вклучуваат блокирање на тракерите.

Firefox Translations е нов додаток за Firefox прелистувачот кој е направен врз основа на овие принципи на организацијата. Преведувањето на веб страните се прави локално на самиот компјутер од корисникот, за разлика од конкуренцијата која користи вештачката интелигенција во „облакот“, односно на нивните сервери.

Предноста за корисниците и нивната приватност е што Mozilla не го добива текстот којшто се преведува, поради што процесот се прави локално, па со тоа организацијата не може да има листа со страните кои корисникот ги отворил, како и текстот кој го има преведено.

Firefox Translations е проект кој е направен во соработка на Mozilla со The Bergamot Project, кои работат на вакво решение, а е поддржан од University of Edinburgh и партнерите од Charles University од Прага, University of Sheffield и University of Tartu.

Проектот исто така е поддржан од страна на Европската Унија преку нивната програма за истражувања и иновации Horizon 2020.

Во оваа фаза помал број на јазици се поддржани во Firefox Translations, а очекувано нашиот јазик го нема. Достапни се шпански, естонски, англиски, германски, чешки, бугарски, португалски, италијански, француски и полски, а се работи на додавање поддршка за руски, фарси, исландски, два норвешки јазици, украински и холандски.

За да може да функционира овој додаток корисниците мора да имаат процесор кој поддржува SSE4.1 додатоци, но тоа го имаат повеќето компјутери во денешно време.

За почеток Firefox Translations исто така има поддршка само за преведување на цели страни или пренесување на дел од текстот во посебно поле. Можноста за директен превод на селектиран текст, уште нема.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаОсновачот на Nothing направи рецензија на iPhone 14 Pro
Следна статијаМакпетрол: Намалување на цените на природен гас и метан за декември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.