Mozilla во најновата верзија од Firefox, односно Firefox 71, вклучи нова функција наречена „picture-in-picture“. Како што може да се претпостави од самото име на функцијата, истата овозможува да кога се гледа видео, на пример на YouTube, видеото се издвои во мал посебен дел поставен врз прелистувачот и со тоа корисникот да може да продолжи да сурфа и во исто време да го гледа видеото.

Оваа нова функција работи со најпознатите страни со видео содржина, но бара тие да се во HTML5. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ја користат функцијата на страни како YouTube, Vimeo, но истата функционира и на Netflix.

Вклучувањето на picture-in-picture е многу едноставно. При пуштање на некое видео на поддржаните страни, кога ќе се помине со курсорот врз видеото се појавува сино копче на кое пишува picture-in-picture. Кога истото ќе се кликне, видеото ќе се истакне во свој посебен дел.

Оваа функција за почеток е достапна само за корисниците на Windows, по што ќе им стане достапна и на корисниците на macOS и Linux во наредната верзија од прелистувачот која треба да биде пуштена во јануари идната година.

Претходна статијаGalaxy S20 почнува да се споменува како можно име за наредната генерација од S серијата
Следна статијаИстражување на The New York Times покажува до кој степен е дојдено следењето на локацијата на мобилните уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.