touchid_technology_large

Apple почна да го вклучува нивниот сензор за отпечатоци од прсти наречен TouchID од iPhone 5S. Функцијата на овој сензор е прилично едноставна, но корисна. Наместо да внесувате шифри, текстови, форми и слични работи, за отклучување на уредот се што треба да направите е да го поставите вашиот прст на копчето каде што е поставен и сензорот. TouchID исто така може да се користи и за други работи кои што бараат внесување на лозинка, како што се плаќање на апликации, PayPal и слично, а тие треба да вклучуваат поддршка за системот.

Отклучувањето на уредот преку TouchID е брзо и едноставно, па сигурно корисниците кои што го користат, тешко може да се вратат на „стариот“ начин на внесување на текст преку тастатурата. Овој систем сигурно би сакале да можат да го користат во што повеќе ситуации, а тоа не е проблем поради зголемување на бројот на апликации и сервиси со поддршка за системот.

fk-ios-screens

Со FingerKey апликацијата, TouchID може да се користи и за работи кои што не се на мобилниот уред. Оваа апликација овозможува отклучување на поддржаниот Mac компјутер со едноставно поставување на прстот на копчето на мобилниот уред. Тоа го прави преку регистрирање на компјутерот со кој што се комуницира преку Bluetooth LE и зачувување на лозинката која што ја заштитува со 256 битна AES енкрипција.

Апликацијата моментално работи само со Mac компјутерите, а се најавува поддршка и за Windows и Linux во блиска иднина. FingerKey можете да ја симнете преку Play Store и истата чини 1,99 долари.

Симни ја FingerKey од Play Store

Претходна статијаDARPA концепт за лансирање на мали ракети од воени авиони
Следна статијаHemingwrite – Модерна машина за пишување направена само за таа активност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.