Минатата недела се одржа Google I/O конференцијата на која видовме доста интересни работи, како што е првиот уред на преклоп од компанијата, Pixel Fold, првиот таблет после повеќе години, Pixel Tablet и новини поврзани со вештачката интелигенција.

Сепак и помалите новини го привлекуваат нашето внимание, а една таква новина е поврзана со Find My Device апликацијата на Android.

Со помош на милијардите Android уреди во светот, Find My Device ќе овозможи пронаоѓање на уредите кои немаат можност за поврзување со интернет и откривање на нивната локација. Тука се мисли на уредите како безжичните слушалки, но не се исклучени и уредите за следење, како и телефоните.

Google ќе ги користи другите Android уреди за да ги најде уредите кои не се доволно блиску до корисникот. За ова од компанијата истакнуваат дека ќе се прави со користење на шифрирање, што значи дека тие нема да можат да ја гледаат локацијата која се разменува помеѓу уредите.

Google дополнително ја најави поддршката за известување на корисниците доколку непознат уред за следење е во нивна близина. Оваа новина е направена во соработка со Apple, како и производителите на вакви уреди, во главно мали „тагови“ каков што е Apple AirTag.

Ваквите уреди се замислени да се постават на приврзокот од клучевите, на пример, но како и се друго тие се злоупотребуваат, па се поставуваат кај луѓето без тие да знаат за тоа.

По добивање на известување за ваков уред, корисниците ќе можат да го пронајдат, како и да го деактивираат.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаApple веќе ја тестира наредната генерација од нивниот М чип која ќе биде направена со 3nm технологија
Следна статијаНовата серија „Mrs. Harris Goes To Paris“ пристигнува на SkyShowtime на 19 јуни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.