Facebook никогаш не издаде официјална апликација за Windows Phone платформата. Сепак Facebook апликација постои веќе одамна и истата ја развива Microsoft. До Јули оваа година апликацијата беше направена во целосно „метро/модерен“ дизајн, карактеристичен за Windows Phone. Во Јули официјално беше претставена новата верзија на Facebook, која неколку месеци беше во бета верзија и достапна за тестирање на јавноста. Новата верзија е направена да изгледа исто како и официјалните апликации од Facebook на Android и iOS и со тоа корисниците на Windows Phone добија целосна и функционална апликација како и другите платформи. Сепак оваа апликација ги нема сите функции што ги имаат другите апликации од Facebook, но Microsoft редовно ја ажурира и додава одредени нови функции. Интересно е што бета апликацијата продолжи да функционира и да биде достапна за сите што побрзо сакаат да ги добијат новите функции, пред официјално да бидат достапни на стабилната верзија.  Може да се каже дека бета верзијата е попопуларна од стабилната верзија, посебно што функционира без никакви проблеми кои би се очекувале од бета верзија.

Новата, односно актуелната Facebook алпикација донесува целосно нов дизајн, подобри перформанси, поддршка за различни резолуции на екранот, поддршка за слики во висока резолуција, споделување на објави, слики и видеа, поддршка за повеќе јазици…

Со секоја наредна верзија од бета верзијата се воведуваат нови функции и за истите можете да прочитате на нашиот портал секогаш кога ќе бидат достапни.

Апликацијата можете да ја симнете од продавницата за апликации или преку следниот линк http://www.windowsphone.com/en-us/store/app/facebook/82a23635-5bd9-df11-a844-00237de2db9e , а бета верзија на следниот http://www.windowsphone.com/en-us/store/app/facebook-beta/93da5d29-daf0-4783-9ed5-a87b33247ec6 .

Претходна статијаСедум нови можности на Siri во iOS 7
Следна статијаНајдобри неофицијални апликации како замена за Instagram на Windows Phone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.