Facebook Messenger веќе нема да дозволува порака да може да се препрати на голем број на луѓе, а со тоа од компанијата се надеваат дека ќе влијаат кон намалување на ширењето дезинформации и штетна содржина која може да предизвика и реална штета.

Корисниците со оваа промена, кога ќе почнат да ги означуваат своите пријатели за препраќање на порака, по петтиот ќе им бидат избледени останатите копчиња и ќе бидат известени дека го имаат достигнато лимитот за препраќање.

Лимитот ќе биде поставен на 5 пријатели и/или групи, по што корисниците ќе треба повторно да ја препратат пораката на 5 други пријатели или групи.

Ова секако нема да ги спречи тие што сакаат да шират информации, но надежта е дека можеби голем дел од нив ќе биде демотивирани поради екстра работата која ќе треба да ја направат, а посебно ако целта е да се сподели одредена порака со стотици, па и илјадници пријатели и групи.

„Веруваме дека контролирањето на ширењето на дезинформации е критично како што глобалната пандемија со COVID-19 продолжува и одиме кон големи избори во САД, Нов Зеланд и во други земји.“ – истакнаа од Facebook.

Кога ќе се земе во предвид дека обичен корисник ретко препраќа пораки на повеќе од 5 други корисници, а и кога е така, вкупната бројка сигурно стигнува до околу 10, оваа мерка дефинитивно нема да им го промени корисничкото искуство на нив, но ќе ги спречи тие кои имаат за цел да стигнат до масовна бројка.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаМакпетрол: Совети за патување со автомобил во време на корона кризата
Следна статијаVivo работи на телефон кој може да ја менува бојата на задната страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.