The Verge

На почетокот од оваа година Facebook објави план за развој на Messenger во текот на годината. Главната промена меѓу другото, односно работата која нас ни привлече најмногу внимание беше најавата дека овој сервис, односно оваа апликација, ќе бидат целосно редизајнирани, а акцентот на новиот дизајн ќе биде ставен на значително поедноставување на целата апликација.

Ова е важно поради тоа што Facebook Messenger со текот на годините добиваше се повеќе и повеќе можности и функции, па и од самата компанија почнаа да го викаат платформа, наместо обична апликација за разговори. Ова придонесе да, мене лично барем, Viber ми стане многу попријатен за користење, а Messenger да го користам само кога ќе добијам порака, па „морам“ да ја одговорам.

Најверојатно јас не сум единствениот со ваква реакција на моменталната верзија од Messenger, па од Facebook затоа се одлучија за неговото поедноставување. Ова сепак не значи гасење на поголемиот дел од можностите на апликацијата, туку ставање на акцент на разговорите, а останатите работи ќе бидат тука доколку некој сака да ги користи.

Кога беше најавен планот, сепак немаше ни мал пример за тоа како ќе изгледа новиот Messenger, па еве конечно вчера, за време на F8 презентациите од компанијата, добивме претстава за што се работи.

TNW
TNW

Како што може да се види, апликацијата ќе изгледа тотално различно. Долната лента ќе биде целосно поедноставена, па на истата ќе бидат достапни само три категории поврзани со разговорите. Камерата од главното место на долната лента ќе биде префрлена на горниот десен дел, каде ќе биде нешто подискретно поставена, но сепак достапна.

TNW

Исто така интересно, Messenger со новиот дизајн ќе добие и можност за темна тема, нешто што е популарно и корисно кај корисниците на телефони со OLED екран. За појаснување, користењето на темни теми кај ваквите телефони придонесува до заштеда на батеријата, поради вклучување само на делот од екранот којшто не е темен, можност достапна само кај овој вид на екрани.

Кога точно ќе биде достапна новата редизајнирана, односно поедноставена верзија од Messenger не беше точно најавено, односно се најавува за многу наскоро.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДецентрализација во крипто светот
Следна статијаСè на едно место: Што најави Mark Zuckerberg на F8 конференцијата за девелопери?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.