Facebook оваа недела најави неколку новини за нивната Messenger апликација кои се поврзани со приватноста и безбедноста на корисниците. Главната новина овозможува заклучување на апликацијата со што главниот екран е заматен и не може да се видат разговорите.

Отклучувањето се прави со користење на отисокот на прстот или со скенирање на лицето, зависно кој начин корисникот го користи за неговиот телефон, по што пораките стануваат достапни.

Оваа нова функција може да се вклучи преку прилагодувањата на Messenger до кои се стига со притискање на иконата со ликата од корисникот, па потоа на Privacy.

Овој дел ќе добие уште неколку новини, најавија од Facebook, поврзани со можноста за контактирање на корисниците, односно ќе може да се избере кој може да прати порака или да направи повик, кои пораки би оделе во „requests“, како и кој не може воопшто да оствари контакт со корисникот.

Од Facebook исто така најавија дека за во иднина работат на функција која ќе ги замати сликите во порака од некој кој не е во контакт листата на корисникот, односно не му е пријател на мрежата. Со тоа треба да се заштити корисникот од потенцијално неприфатливи слики за гледање.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаФИТР: Огромен интерес за инструментот за економско прилагодување на Ковид – 19 – 166 компани аплицираа во прв циклус
Следна статијаСкрши го циклусот и спаси го Скопје – Dark-1 го објавија првиот трејлер од нивната игра „Скопје“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.