Фото: Facebook

Facebook Messenger изминатата недела доби неколку новини кои на корисниците треба да им го подобрат корисничкото искуство. Едната од новините е поврзана со можноста за праќање и примање на пари преку апликацијата и се однесува само за корисниците во САД, па вниманието ќе го насочиме на другите две новини.

Првата новина е поврзана со можноста за менување на изгледот на разговорите, односно со можноста за избор на теми. Од Facebook додаваат четири нови теми, а до истите се стигнува на истиот начин како и досега, односно посебно во секој разговор.

Новите теми ги вклучуваат Olivia Rodrigo, World Oceans Day, Pride и F9, а како и секогаш Facebook има да додаде и по некое значење за секоја.

Втората новина може да се каже дека е повеќе корисна. Истата вклучува нова можност за брз одговор на добиените слики и видеа додека истите се отворени. Се што треба е да се допре сликата или видеото, па се отвора лента на која може да се испрати одговор на пораката, наместо за истото да корисникот треба да се врати на разговорот како досега.

Ова не се големи новини, но сепак го одржуваат Facebook Messenger во тек со цел корисниците да добиваат освежено корисничко искуство од време на време, после поголемиот редизајн од пред 2 години.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаМаркез Браунли објаснува зошто Apple секогаш доцнат со воведување на одредени функции
Следна статијаChallenge Day – добиј целосна стипендија за новата академска година во СЕДЦ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.