Facebook од оваа недела ја воведува можноста за споделување на екранот при видео разговори и кај своите мобилни апликации, како и преку веб верзијата од Messenger. Со тоа корисниците добиваат можност да го прикажат својот екран, односно тоа што во моментот го гледаат, на своите соговорници, како за време на поединечни, така и во групните видео разговори.

Оваа функција, која е достапна кај повеќето сервиси кои нудат видео разговори, е погодна за кога се презентира нешто, а е одлична и за приватни цели, за прикажување на слики, разгледување на друштвените мрежи заедно, купување работи и слично.

Ова е уште една новина која доаѓа поради повеќе пати зголемената популарност на видео разговорите поради кризата со новиот коронавирус.

За време на групни разговори, екранот може да биде споделен на до 8 учесници, односно 16 доколку разговорот се прави преку Messenger Rooms. Од Facebook најавуваат дека оваа можност сакаат да ја зголемат до 50 учесници на Messenger Rooms, сервис кој е замислен повеќе како конкуренција на Zoom, Microsoft Teams и слично, барем кога се во прашање видео конференциите.

Споделувањето на екранот за време на повик се прави едноставно, со повлекување на менито кое се појавува од долната страна и притискање на новата можност „Share Your Screen“. Facebook на кратко ќе даде предупредување за што следи, со цел да не се сподели екранот по грешка и со тоа да се прикаже нешто што не е планирано.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSkype добива можност за прикажување на повеќе корисници во видео повик, како и избор од позадини кои се прикжуваат зад корисникот
Следна статијаМожноста за повеќе профили на една сметка на Amazon Prime Video достапна за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.